Мицкоски: Оваа влада не е способна да организира попис
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели, уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна, слично како и училиштниот он-лајн систем, а потоа во истиот можеше да се попише кој било, со лажни и измислени податоци.

Оваа влада не е способна да организира сложена статистичка операција, попис, напиша лидерот на ВМРО-ДПМЕ Мицкоски на Фејсбук. Вели, уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна, слично како и училиштниот он-лајн систем, а потоа во истиот можеше да се попише кој било, со лажни и измислени податоци.
Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија, а тоа докажува дека владата и Заев, како и за сѐ друго, не се способни да спроведат каков било процес, наведува Мицкоски. Не би ме зачудило, ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но, сигурно, пред очи имаме уште еден циркус, напиша Мицкоски.
