Закажани четири пленарни седници во Собранието

02.03.2021 13:15

Откако во изминатиов период имаше потешкотии да се обезбеди кворум и доволен број пратеници за изгласување на законите на пленарна седница, од ДУИ уверуваат дека мнозинството е стабилно. Интегративците негираат дека има недоразбирања во партијата, иако дел од нивните пратеници не доаѓаа на работа.

Во Собранието по речиси еден месец, денеска треба да се одржат продолженија на 21, 22, 25 и 26 седница. Закажувањето на пленарните седници доаѓа по вчерашната координативната средба на првите луѓе на пратеничките групи и потпретседателите со собранискиот претседател, Талат Џафери.

Откако во изминатиов период имаше потешкотии да се обезбеди кворум и доволен број пратеници за изгласување на законите на пленарна седница, од ДУИ уверуваат дека мнозинството е стабилно. Интегративците негираат дека има недоразбирања во партијата, иако дел од нивните пратеници не доаѓаа на работа.

Социјалдемократите очекуваат ваквата ситуација наскоро да се надмине, ВМРО-ДПМНЕ вели, проблемот е кај мнозинството.

Последен пат пленарна седница имаше на 3-ти февруари.