Монополите бараат помалку тутун
Залихи имаат, a од новото производство планираат да откупат помали количества и да склучат помалку договори со тутунарите...

Откупните компании размислуваат да го намалат откупот на тутун од новата реколта.
Причинте за ваквите планови, велат, дека ги гледаат во условите на пазарот.
Според Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, кај искусните тутунари едностраното откажување и намалување на договорите предизвикува незадоволство и загриженост за губење на единствената егзистенција.
Решението според министерство е монополите да достават податоци за планираните потребни количества за новата реколта и да се исклучи селективноста. Односно да не се намалува бројотна семејствата со кои ќе се склучуваат договори, туку само да се ограничи производството.
Лани поради сигурниот пласман, добрите откупни цени и субвенции беа насадени поголеми површини.
Од 15.000 хектари се произведоа скоро29 000 тони. Со производство на тутун во Македонија се занимаваат скоро 40.000 домаќинства.
Методија Трајков
