Родителите притискаат, места во градинките нема
И покрај зголемениот број новозаразени од Ковид-19, расте притисокот од родителите за запишување на дете плус во градинка. Капацитетот на градинките предвиден со ковид- мерките е пополнет 80 проценти. Засега останува истиот број деца во една група и постојните протоколи за заштита...

Пролетта како пак да го поттикна вирусот, но и родителите. Трет бран или удар на британскиот сој, наскоро ќе кажат од Комисијата за заразни болести. Од Министерство за труд и социјала, пак велат дека има притисок од родителите за запишување на дете плус во градинка. Побаран совет од здравство дали може групите да ги зголемат со по уште три деца.
Бројот на деца кои чекаат за упис се зголемува од ден на ден. Во детската градинка „Срничка“ во скопски Аеродром деновиве почнале да доѓаат деца кои со месеци претходно биле чувани дома.
Иако бројот на новозаболени со Ковид- 19 почна повторно да расте, родителите не се плашат. Во градинките од оној капацитет предвиден со ковид мерките, 80 проценти е пополнет.
Според последните податоци, за една недела регистрирани се три позитивни деца и 18 вработени во градинки.
Во моментот околу 13.500 деца се присутни во градинките. Вкупниот број места според ковид протоколите е 21.300.
Наташа Јанчиќ- Менковски
