Пелагонија

Пченицата е во одлична состојба, загубите во поникнувањето минимални

02.03.2021 13:40

Првата ранопролетна проверка вели дека и по сушната есенска сеидба пченицата во нашата најголема житница е идеално поникната, загубите се под пет проценти. Зголемената влага во земјата го одложува навремениот почеток на прихраната, но земјоделците велат, на повеќе места состојбата овозможува да се оди и само со еден циклус на прихрана. Доколку во следните месеци не нѐ зафатат екстремни временски услуви, жетвата ќе биде со натпросечен род...

Загриженоста на земјоделците по задоцнетата и сушна есенска сеидба веќе е минато. Првата ранопролетна проверка вели дека дека над 95 проценти од посеаното одлично ја помина првата фаза на братање.

Исклучително сме задоволни од густината на поникнатото и актуелните оптимални услови за понатамошен развој на пченицата, вели земјоделецот Трајан Ѓорѓиевски. Есенскиот сушен период не даваше голема надеж, но иако задоцнет последниот влажен бран и иделната зима, очигледдно дека дадоа свој придонес, вели искусниот пелагониски земјоделец.

Поради зголемента влага во почвата малку се доцни со прихраната. Но, одличната состојба на културите овозможува да се почека до првата половина на месецов.

Експертите потсетуваат да не се изостави и третманот од штетниците. Едногласни се дека доколку и понатаму временските услови се сојузник, жетвата на лебното зрно ќе биде со натпросечни приноси.

Стевче Митревски