По дваесеттина дена во Собранието продолжение на четири седници

02.03.2021 16:13

По дваесеттина дена во законодавниот дом, продолжение на четири седници. Според ВМРО-ДПМНЕ, владиното мнозинство сѐ уште има проблеми во функционирањето. Собранието е неефикасно. Периодот беше искористен за договор за работа, пратениците се тука, возвратија од СДСМ. Опозицијата бара алиби за поразот на претстојните локални избори, велат од владејачката партија...

Собранито е неефикасно, владиното мнозинство сѐ уште има проблеми во функционирањето, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, се закажуваат пленарки само со две до три точки. ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за теми во интерес на граѓаните.

И според коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива владиното мнозинство немало капацитет да одржи седница и да собере кворум. Ќе поддржат интерпелација за работата на владата, бидејќи сами не можат да ја поднесат, за тоа треба потпис од најмалку 20 пратеници.

Нема проблеми во владиното мнозинство. Периодот од 20-на дена беше искористен за договор за работа, пратениците се тука, возвратија од СДСМ. Според Социјалдемократите, опозицијата ја кочи работата незакажувајќи ги комисиите со кои раководат, а според Митрески тоа е алиби за поразот на претстојните локални избори.

Од владејачкото мнозинство во наредниот период најавуваат засилена динамика во работата на законодавниот дом. Покрај многуте законски проекти, се чека и на донесувањето на мерките од 5-от пакет државна помош.

 

Наташа Гркова- Петрушевска