Расте бројот на заразени со Ковид-19 во тетовско

02.03.2021 16:29

Двојно или за речиси трипати сѐ до јануари, бројот на оздравени во тетовско беше поголем од тој со инфицирани пациенти. Но, последната статистиката на Министерството за здравство, говори дека во февруари имало 379 позитивни случаи, а истиот период од заразата оздравеле 369 пациенти. Здравствените работници сметаат дека дел од граѓаните почнаа да се олабавуваат мислејќи дека вирусот го нема, но статистика покажува сосема друга слика...

После подолго време во тетовскиот регион се евидентираат поголем број на заразени од оздравени пациенти со Ковид- 19. Здравствените работници велат дека бројкитe треба да нѐ загрижат. Да нѐ потсетат дека со вирусот и со почитување на препораките треба да живееме и понатака, а властите да размислат за поригорозни мерки, ако сакаме да ја спречиме брзата трансмисија на болеста.

Засега има место за хоспитализирање на инфицирани пациенти. Но, ако продолжи трендот на раст на бројките ќе треба нови болнички капацитети. Модуларната болница во Тетово со 35  кревети е доволна. Таа е целосна изградена, но не е во функција. Нема пруклучено вода и струја.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово немаат нови одлуки,  апелираат на почитување на мерките и препораките.

Трендот на поголем број на инфицирани пациенти од оздравени продолжува и овој месец.

 

Зоран Димовски