Бајден: До крајот на мај во САД ќе има вакцини за сите
03.03.2021 09:40
Според Центрите за контрола и превенција на болести, повеќе од 15 проценти од луѓето во САД досега примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе имаат доволно вакцини за секој возрасен до крајот на мај, два месеци порано отколку што претходно проценуваше администрацијата.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, повеќе од 15 проценти од луѓето во САД досега примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Федералната влада оваа недела ќе достави 15,2 милиони дози во сојузните држави, наспроти 14,5 милиони минатата недела и речиси двојно повеќе дози отколку што биле испорачани пред инаугурацијата на Бајден, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.
