Запишување на нови земјоделски стопанства до 15-ти март
Новите земјоделци и новите фирми треба да се запишуваат во Регистарот на земјоделските стопанства. Ваквата евиденција е еден од условите за добивање субвенции. Промените во сопственичката структура исто така мора да се пријават во регистерот. Крајниот рок за пријавување е до 15-ти март годинава...

До 15-ти март оваа година новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државта ќе мора да се запишат и да се евидентираат во Регистарот за земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Оваа обврска ја имаа и оние фармери кои во меѓувреме ја зголемиле или намалиле, односно направиле промени во сопственичката структура на површините кои ги обработуваат и на бројната состојба на животните кои ги одгледуваат.
Добивањето на субвенциите во сточарството зависи од бројната состојба на добитокот запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за субвенции.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството за замјоделство кадешто живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.
Методија Трајков
