Нови мутации на Ковид- 19 во регионот
Се зголемува бројот на заболени и хоспитализирани со симтоми на вирусот во светски рамки. Во Словачка состојбата се оценува како драматична, во САД продолжува вакцинацијата, Тексас укина задолжително носење маски...

Сосотојбата со заболените со тешки компликации поради Ковид-19 во Словачка станува драматична. Лекарите и медицинските сестри се борат за нивните животи на одделенијата за интензивна нега. Состојбата е особено тешка во западниот дел од земјата. Болницата во Галанта прерасна во регионална ковид институција во која се згрижуваат заболени во радиус од стотина километри,но расте и бројот на заболени медицински лица.
„Имаме приближно 650 здравствени работници, од кои 100-тина, поради КОВИД, во моментот се на боледување. 70 проценти од нив работат со пациенти со ковид“, вели Александра Павловичова, директор на болницата.
„Ние се држиме заедно и ја одржуваме вербата. Ако некој е лошо расположен, седнуваме и разговараме. Работиме како тим во оваа тешка ситуација“, вели главна медицинска сестра на интензивна нега во болницата.
Во САД продолжува вакцинацијата, но некои сојузни држави, како Тексас, ја укинаа обврската за задолжително носење заштита на лицето. Досега во Тексас како последица на Ковид-19 починаа 42 илјади лица.
„Сега е време Тексас да се отвори целосно. Секој што сака да работи, треба да ја има таа можност. Секој бизнис што сака да биде отворен, треба се отвори. Истотака завршува и обрвската за носење маска за лице на целата територија на Тексас“, изјави Грег Абот- гувернер на Тексас, САД.
Народна република Кина соопшти дека има 10 нови случаи со Ковид- 19,сите внесени од надвор. Пет се откриени во Сечуан, три во Гуандонг и по еден во Јунан и Шанкси. Кинеските власти ги отфрлија тврдењата дека земјата ја користи вакцината за да го зголеми геополитичкото влијание, преку вакциналната дипломатија.
„До крајот на февруари Кина испорача повеќе од 52 милиони вакцини. Исто така и многу земји ги одобрија кинеските вакцини. Некои странски лидери се заложија за прифаќање на кинеските вакцини, што е доказ за поддршката на нивната безбедност и ефективност“, изјави Гуо Веимин, портпарол на Националниот комитет на КНПКК.
Во Словенија е потврдена инфекција со нигериската мутација на коронавирусот кај седум лица. Овој сој на Ковид- 19 е детектиран при направени анализи во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, а експертите очекуваат нигерискиот сој на коронавирусот да не предизвика потешка форма на заболување.
Свето Николовски
