Со Оперативниот план за вработување 2021-ва ќе бидат опфатени 10.279 лица

03.03.2021 14:19

За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021-ва година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица...

За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021-ва година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информира денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Оперативниот план е разгледан и прифатен на вчерашната владина седница. Со него се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Ковид-19, односно од 11 март 2020 година.