Прилеп ќе почне со секундарна селекција на отпадот

19.03.2014 10:42

Прилеп е еден од ретките градови на балканот кој ќе започне со секундарна селекција на отпадот. Освен чист град, со овој проект се отвораат и 100 работни места за работа на современата депонија...

Прилеп започна со набавување на новите 10.000 бесплатни корпи за селекција на отпадот кои до крајот на оваа година треба да се распределат кај домаќинставата. Во оваа прва транша пристигнаа 1.000 корпи, а досега кај домаќинставата се распределени 11.000 вакви садови, инвестиција која Комуналец го чинеше 12 милиони деанри. За разлика од 2012 година, лани селекцијата на отпад била зголемена за 30%.

„Во селекцијата на отпад се вработени 32 лица, кои засега се рентабилни, си ги покриваат своите тошоци и плати, лани како претпријатие од селекцијата на отпадот имавме добивка од 7 милиони денари“, истакна Лилјана Силјаноска Пурдеска, портпарол на ЈКП Комуналец Прилеп.

Граѓаните се презадоволни од функционирањето на ваквиот систем.

„Ова е одлично, сега градот е почист, ѓубрето не се растура, се е селектирано и навреме се подигнува отпадот од нашите домови, претходно се растураше по улиците“, велат задоволните граѓани.

Кога ќе заврши проектот Прилеп ќе биде еден од ретките градови на Балканот каде комплетно ќе биде завршена примарната селекција. Освен оваа Прилеп планира да започне и со секундарна селекција на отпадот, инвестиција која ќе донесе нови над 100 вработувања.

Oвие денови Комуналец го токупи и земјиштето кај депонијата во селото Алинци каде во иднина треба да биде намонтирана линијата за секундарна селекција на отпадот, таа е веќе набавена и инвестицијата чинеше 12 милиони денари, а изградбата на халата каде што треба да биде сместена оваа линија, а кој се планира да се заврши оваа година ќе чини 15 милиони денари.

„Ова се средства од нашето претпријатие, без никакви задолжувања, настапуваме сами, без приватен партнер кој би ни диктирал цена и други услови, се со цел да ги заштитиме граѓаните“, потенцираше Лилјана Силјаноска Пурдеска, портпарол на ЈКП Комуналец Прилеп.

Овие нови инвестиции се очекува да донесат нови над 100 вработувања.

 

Дарко Штаргоски