Рекоредн број заразени со Ковид-19 во Чешка
Министерот за внатрешни работи изјави дека Германија и Швајцарија понудиле десетици кревети за лекување чешки пациенти со Ковид-19. Се преговара со Полска за 200 места во тамошни болници.

Додека глобалната бројка новозаразени со коронавирус е во пад шеста недела по ред, Чешка бележи рекорден број заразени. По појавата на британски сој, болниците работат со пополнет капацитет.
Земјата побара помош од Германија и други европски држави. Министерот за внатрешни работи изјави дека Германија и Швајцарија понудиле десетици кревети за лекување чешки пациенти со Ковид-19. Се преговара со Полска за 200 места во тамошни болници.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Чешка досега има речиси 1,3 милиони заразени и околу 21.000 починати од Ковид-19.
