Германија ги продолжува мерките за затворање
Германската канцеларка истакна дека земјата „не безгрижно, туку со надеж“ влегува во нова фаза во борбата против пандемијата.

Германија ги продолжува мерките за затворање до 28-ми март со многу опции во зависност од епидемиолошката состојба. Делумно олабавување има во делот со приватните контакти. Доколку бројот на нови случаи на 100.000 жители во седум дена е помал од 35, ќе биде дозволена средба со луѓе од две домаќинства со најмногу десет лица. Продавниците, терасите од кафулињта и рестораните може да работат, но во зависно од епидемиолошката крива.
Германската канцеларка истакна дека земјата „не безгрижно, туку со надеж“ влегува во нова фаза во борбата против пандемијата.
Меркел објасни дека вакцинацијата и тестирањето се во прв план во борбата против ширењето на коронавирусот. За понатамошните мерки, претставниците на федералните и покраинските влади повторно ќе дискутираат на 22 март.
