Украина: Путин е закана за целиот свет

19.03.2014 10:46

Преодниот премиер Арсениј Јаценјук обвини дека руските војници го претвораат политичкиот конфликт во воен.

Новите украински власти го нарекоа рускиот претседател Владимир Путин закана за целиот свет откако го додаде Крим на мапата на Русија.

Преодниот премиер Арсениј Јаценјук обвини дека руските војници го претвораат политичкиот конфликт во воен.

Путин ги отфрли обвинувањата на западот правдајќи ја анексијата со референдумот.

Претседателот на Русија инсистира дека земјата нема намера да окупира други региони од Украина, но стравот ја натера украинската влада да ја мобилизира резервата.

Повикани се 40 илјади војници, а цивилите масовно купуваат оружје за самоодбрана.