„Фајзер-Бионтек“ во четири квартали ќе испорача 800.280 дози вакцини
Производителот „Фајзер- Бионтек“ во 2021-ва година на Република Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во четири квартали, а првата достава ќе се случи во месец март. Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек“ овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини.

Компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид- 19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021-ва година, соопшти Министерството за здравство.
Производителот „Фајзер- Бионтек“ во 2021-ва година на Република Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во четири квартали, а првата достава ќе се случи во месец март. Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек“ овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини.
Вакцините на производителот „Фајзер- Бионтек“ се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат шест дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од два до осум степени може да стои пет дена, а растворена да се чува шест часа.
Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинација. Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“, веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници кои се во првата приоритетна група за вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, велат од ресорот здравство.
