Еврообврзница

Бесими: Со задолжувањето се враќа долг од 2014-та година

04.03.2021 14:26

Осмата еврообрврзница е со вредност од 700 милиони евра, вели министерот за финансии Бесими. Со неа, ќе се затвори долгот од 500 милиони евра, колку што изнесува третата, од 2014-та. Со 200 милиони евра ќе се покриваат расходи од буџетот. Дел од парите ќе бидат наменети и за економските и здравствените мерки за справување со ковид кризата. Прогнозите се дека јавниот долг ќе се стабилизира, и од 2025-та се очекува да изнесува 58,8 проценти, вели Бесими...

Издадена осмата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра. Според министерот за финансии Бесими, над 70 проценти од новото задолжување ќе биде наменето за враќање на долг од 500 милиони евра од пред седум години. Ресорниот министер дециден дека нето повлекувањата изнесуваат само 200 милиони кои ќе бидат наменети за здравствените и економски мерки за справување со кризата и за расходи. Бесими посочува дека осмата еврообврзница е со најниска каматна стапка од 1,625 проценти.

Ресорниот министер Бесими вели дека годинава се очекува стабилизација и раст на економијата. Проекциите се дека годинава БДП ќе забележи раст од 4,1 проценти. Според податоците приходите растат, расте и наплатата на даноците која изнесува 17,8 милијарди денари и е на исто ниво како лани.

Јавниот долггодинава се прогнозира на 63,4 проценти. Негова стабилизација се очекува од 2025-та година, вели Бесими. Додава дека спроведувањето на третиот, четвртиот и петтиот пакетни другите антикризни мерки, влеваат сигурност за домашната економија.

 

Дијана Ценевска