Образование

Јавен повик за новите наставни програми

04.03.2021 14:38

Концепцијата за основното образование е донесена и е јавно достапна, вели министерката Царовска. Ги повика наставниците и професорите да се вклучат на повикот за подготовката на наставните програми за прво и четврто одделение за учебната 2021/ 2022 година...

Новата концепција во образованието беше усвоена од Владата, откако претходно, три месеци се дебатираше со вклученост на сите засегнати страни, вели министерката Царовска. Според неа, новата концепција е јавно достапна, а од денеска има и јавен повик кој се однесува на подготовка на наставните програми за учебната 2021/ 2022 година во прво и четврто одделение.

Според министерката, покрај квалитетот на наставата, образовната инфраструктура е еден од основните елементи во образовниот процес. Со 25 милионска инвестиција, започната е доградбата на основното училиште „Димитар Поп Ѓероѓиев – Беровски“ во населбата Хром.

Царовска истакна дека за вложување во образовната инфраструктура во буџетот се предвидени средства од милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе од лани и истите ќе се распределат по општините во зависност од приоритетот на потребите за интервенции кои ги имаат пријавено во МОН. Со тоа ќе се подобрат условите за образование на над 100 илјади ученици и студенти, но и условите за работа на наставниот кадар.

 

Александра Спировска