Жителите на Тетово по десет дена добија чиста вода за пиење
По десет дена со десетчасовни рестрикции во време на пандемија тетовци конечно добија чиста вода за пиење. Градот моментално се снабдува со околу 300 литри вода во секудна. 200 од стариот водовод и четирите вклучени бунари и 100 литри од новиот водоводен систем...

По вчерашната санација на дефектот од новиот водовод проверките и етапното пуштање на водата во системот, денеска од тетовските чешми конечно протече вода. Долгиот период од 10 дена со речиси целодневни рестрикции, од ЈКП Тетово го објаснуваат со непристапниот терен каде се работело на замена на цефководот во месноста Лешница, каде има и постојани ерозивни процеси.
Еколошките организации обвинија дека изградбата на хидроцентралите се причина за ерозивните процеси и недостакот на вода, не само во Тетово, туку во сите општини под Шарпланинскито масив каде се изградени вакви централи.
Од ЈКП Тетово не ги коментираат ваквите обвинувања. Накусо соопштија дека овие информации треба да ги провери посебна комисија. Сега градот се снабдува со околу 300 литри вода во секудна речиси иста количина коај ја имаше и пред дефектот на новиот водоводен систем.
Зоран Димовски
