Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар
Здравствените власти уверуваат дека има доволен број болнички кревети. Инфектолозите предупредуваат на внимателност за да не се повтори состојбата од ноември минатата година.

По зголемениот број на новозаразени со коронавирусот, Инфективната клиника ги исполни капацитетите, почна хоспитализацијата и во модуларната болница. Поголем број се со компликации и на кислородна поддршка.
Здравствените власти уверуваат дека има доволен број болнички кревети. Инфектолозите предупредуваат на внимателност за да не се повтори состојбата од ноември минатата година.
Загрижува фактот дека повеќе од 36 проценти од заразените се во старосната група од 30 до 50 години. Во моментот на болничко лекување има 787 пациенти, а најзагрижувачка е состојбата во Кавадарци, Охрид и во Прилеп.
