Финансиска поддршка за одгледување добиток
Сточарите и годинава ќе добијат државна финансиска помош. Најголем дел од парите се наменети за одржување на бројноста на стадата и за предаденото млеко. Пчеларите имаат право на 600 до 800 денари за презимени пчелни семејства, а услов е да поседуваат најмалку 35 пчелни сандаци.
Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2.800 денари за животно, односно 3 100 денари доколку одгледуваат од 10 до 50 глави добиток.
Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до ноември 2021 година.
За предадено или заклано говедо во регистрирана кланица за периодот од мај 2020 до април 2021 година, фармерите ќе добиваат по 1.500 денари.
Овчарите за најмалку 30 обележани овци ќе може да добијат по 1.200 денари за секое животно или по 1.300 доколку стадото има од 100 до 500 овци, а за сочувано женско јагне по 1.000 денари.
Субвенциите се исти и во козарството со услов фармерите да имаат стадо од минимум 10 кози.
Доплатата за предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети во краварството не се менува, односно останува 3,5 денари, а за овчото и козјот млеко изнесува 4,5 денари за литар.
За пчеларите субвенцијата е 600 или 800 денари за 50 до 100 презимени пчелни семејства.
Методија Трајков
