Имунизацијата на населението ќе почне месецов
До крајот на годината, производителот „Фајзер“ во земјава ќе испорача 800.280 дози вакцини против Ковид- 19. Според надлежните, првите 21.000 треба да стигнат крајот на март...

Имунизацијата на населението ќе почне месецов. Според најавите, во март ќе пристигнат првите 21 илјада дози од „Фајзер“, согласно договор, дел од вакцинирте што се наменети за нас преку Ковакс механизмот, се разговара со „АстраЗенека“, а според најавите, викендов треба да се очекува и пратка од три илјади дози од руски „Спутник“.
Министерот Филипче во интервјуто за јавниот сервис предупреди на одредена резервираност во однос на најавите поради огромниот притисок со кој се соочуваат компаниите кои ги произведуваат. Но, зголемено е и нивното производство, па затоа веројатноста да пристигнат вакцините од „Фајзер“ во земјава е многу поголема, смета ресорниот министер, како и првите дози на „АстраЗенека“ преку Ковакс системот.
Филипче ги отфрли сите наводи дека властите не преземале навремени активности за набавка на вакцините. Тој посочи дека земјава добро ги менаџира состојбите со набавка на вакцините, дури и од некои земји членки на Европската унија од нашето соседство. Верува дека оние кои ќе ги снабдиме етапно ќе бидат ефикасни и за новите соеви на вирусот.
На 11-ти март, за една недела, почнува ревакцинацијата на здравствените работници.
Фиљана Кока
