Копар- билка повеќе од зачин
Копарот е докажан антибиотик. Антимикробните својства уништуваат опасни бактерии како стафилококус ауреус, а го намалува и растот на патогените кои предизвикуваат тешки болести кај пченицата и јачменот.

Копарот обично го додаваме како зачаин поради убавата арома и за ублажување на дигестивните пречки. За древните народи како Египќаните, старите грци и римјани,копарот освен мирудија бил и лек и симбол за богатство. Илјадници години се користел за готвење но имали медицинска примена. Неговите ливчиња, семето и маслото од копар носат многу корист и за физичкото и за менталното здравје. Малку е познато дека ова растение е моќен антибиотик кој ги уништува бактериите, габите и мувлата. ова е докажано со многу научни истражувања. Содржи многу нутритивни својства. Латинскотоиме на копарот му е Anethum graveolens, важи замедитеранска билка слична на коморачот и целерот. Со него сезбогатува вкусот на многу специјалитети, разни супии како додаток во салати. Семките имаат поинтензивен вкус и мирис, а ливчињата нежен мирис и слаткаст вкус. Копарот ја ублажува надуеноста и гасовите, а го јакне и имунитетот. Често се користи за смирување на грчеви и проливи кај децата. Содржи големо количество витамини А и Ц, железо, фолати, калциум и манган.
Лековитите својства се благодарение на монотерпените, на минералите, аминокиселините, и флавоноидите.
Копарот е докажан антибиотик. Антимикробните својства уништуваат опасни бактерии како стафилококус ауреус, а го намалува и растот на патогените кои предизвикуваат тешки болести кај пченицата и јачменот.
Во 2009 година е откриено дека екстрактот на копарот делуваат речиси против сите видови бактерии, особено кај брзорастечките.
Етеричното масло се користат токму за нивно уништување, а три состојки посебно поволно делуваат против стомачните бактерии ешерихија коли и салмонела. Студиите покажалеи дека екстрактот ја уништува кандида албиканс.
Еве за што уште се користи копарот:
1 Ги смирува дигестивните тегоби, ги намалува гасовите во цревата и го поткрева нивото на енергијата.
2 Делува како освежувач на лошиот здив, Таткото на медицината Хипократ го користел копарот за чистење на усната шуплина.
3 Има моќно антиоксидативно дејство и антиканцерогени својства. Се користи за неутрализација киселата средина во организмот и за помошно лекување на некои видови канцер.
4 Помага за менструални тегоби и грчеви
5 Придонесува за здравјето на коските, бидејќи е добар извор на калциум, Помага при ревматоиден артритис, остеопороза и пропаѓање на коските.
6 Помага и при несоница, лош сон и често будење
Копарот се користи и како природна помош за бубрежни болести, заболен црн дроб и жолчка, настинки, кашлици, бронхитис, губење на апетитот, депресија, инфекции, хемороиди, генитални чиреви, за побрзо зацелување на раните. Се приготвуваат чаеви, етерични масла, и се додава свеж или сушен во исхраната.
Соња Стојановска
