Сите сакаат финале!
За купот важи дека е натпреварување коешто не ретко носи изненадувања, па без разлика во каква форма и во кој ранг се, никој од полуфиналисти не е без шанси. Дополнителен мотив е фактот дека купот обезбедува и трофеј и излез во Европа. Затоа во пресметките Работнички – Брегалница и Тетекс – Металург нема главен фаворит, како што и никој однапред не смее да биде отпишан.

За купот важи дека е натпреварување коешто не ретко носи изненадувања, па без разлика во каква форма и во кој ранг се, никој од полуфиналисти не е без шанси. Дополнителен мотив е фактот дека купот обезбедува и трофеј и излез во Европа. Затоа во пресметките Работнички – Брегалница и Тетекс – Металург нема главен фаворит, како што и никој однапред не смее да биде отпишан.
Работнички и Брегалница се во одлична форма, го почнаа вториот дел од сезоната со по две победи и едно нерешено и тоа во меѓусебниот дуел пред десет дена во Штип, 1:1. Со триумфите против Пелистер и Вардар, екипата од Дебар маало потврди дека е сериозен кандидат за првенствената титула, додека со триумфите против Турново и Металург, штипјани најави дека не заслужуваат да се борат за опстанок.
Работнички стана специјалист за Купот на Македонија затоа што во последните шест години четири пати играше во финалето, а двапати во 2008-ма и 2009-та го освои пехарот. И во шесте полуфиналиња, „романтичарите“ имаат позитивен ефект, четири пати биле успешни, а само во две ситуации биле елиминирани. Најголемото куп достигнување на Брегалница е полуфиналето од 2006-та кога во два меча беа послаби од Шкендија.
Патот до полуфиналето беше потежок за штипјани затоа што мораа да ги минат Турново и Шкендија, додека фудбалерите на Работнички по сигурните победи против Карбинци и Новаци, единственото искушение го имаа во четвртфиналните дуели со Пелистер.
Традицијата е на страната на Работнички кој во 20-те натпревари има 13 победи, три нерешени и четири порази и не е совладан во последните четири меѓусебни дуели.
Двете победи на Тетекс во пресметките со Металург се во Втората лига, но тетовци го бранат трофејот, откако во последните три години играа во финалето, а двапати и тоа минатата година и во 2010-та беа и победници. Тетекс е единствената екипа што како освојувач на купот испадна во понизок ранг, но сега има можност за спротивно постигнување, да биде првиот второлигаш што ќе игра во финалето.
Металург е конкурентен на два фронта, но и претплатен на нерешени резултати, па во првенството има десет, а во дуелите со Тетекс девет при тоа и десет победи. Екипата од „Железарница“ единствениот куп трофеј го освои во 2011-та кога во финалето го совлада токму Тетекс со 2:0.
Двата натпревара ќе почнат во 14 часот, Тетекс ќе му биде домаќин на Металург во Ѓорче Петров, додека од мечот на „Националната Арена Филип Втори“ меѓу Работнички и Брегалница, Македонската телевизија ќе врши пренос на „Прва“.
