Швајцарски компании ќе ја градат пречистителната станица во Гевгелија?

19.03.2014 11:14

На отворањето на понудите во Гевгелија, по истекот на рокот за тендер што го распиша Швајцарската агенција за развој за делот од средствата што ги обезбедува Швајцарската влада за реализација на овој капитален проект, беше констатирано дека апликации поднеле компаниите ALPHA WASSERTECHNIK AG, WABAG и FELA Planungs AG, сите со седиште во Швајцарија...

Три швајцарски компании доставиле понуди на меѓународниот тендер за изградба на првата фаза од пречистителната станица во Гевгелија, соопштуваат од опшината.

На отворањето на понудите во Гевгелија, по истекот на рокот за тендер што го распиша Швајцарската агенција за развој за делот од средствата што ги обезбедува Швајцарската влада за реализација на овој капитален проект, беше констатирано дека апликации поднеле компаниите ALPHA WASSERTECHNIK AG, WABAG и FELA Planungs AG, сите со седиште во Швајцарија.

По ова следува еваулација на пристигнатите понуди од страна на надлежната комисија и швајцарската консултантска фирма за избор на најповолната понуда за изградба првиот дел од Пречистителната станица.

Истовремено, во Гевгелија беше одржана предтендерска средба со заинтересираните фирми за учество на меѓународниот тендер за изградба втората фаза 2, односно за изградба на линија за обработка на милот, на административни простории навнатрешните сообраќајници во Пречистителната станица.

Тендерот се однесува на делот што го финансира Грчката влада, а на пред-тендерската расправа присуствуваа претставници на четири грчки фирми кои подигнале апликации.

Изградбата на пречистителната станица крај Вардар ќе чини 9,6 милиони евра, а средствата според потпишаниот договор ги обезбедуваат Швајцарската. Грчката и Владата на Република Македонија.

Обврска намакедонската влада е изградбата на мост до локацијата на пречистителната станица кај Вардар, која по распишаниот тендер од Министерството за животна средина на РМ и изборот на „Гранит“ за најповолен изведувач, е во завршна фаза.

Општина Гевгелија во реализација на проектот, кој е од посебно значење за пограничниот регион, учествува со обезбедената локација и логистика.