Ковид-19

Пристигнаа 3.000 дози од руската вакцина, продолжува процесот на имунизација

07.03.2021 16:35

Пристигна првата пратка од руските вакцини од 3.000 дози. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека првите граѓани кои ќе се вакцинираат ќе бидат повозрасните со хронични болести. Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин изјави дека вакцината е безбедна и ефикасна...

Првите руски вакцини „Спутник В“ пристигнаа во земјава. На меѓународниот аеродром Скопје со специјален транспорт беа донесени 3.000 дози. Според министерот за здравство Филипче вакцинацијата се очекува да започне во среда. Со тоа, вели Филипче ќе се обезбеди континуитет во имунизацијата. Ќе се вакцинираат возрасните граѓани и оние со хронични болести. Препорачува претпазливост кај трудници и доилки.

Рускиот амбасадор во земјава, Баздникин, уверува дека вакцината е безбедна и ќе помогне во спасување на човечки животи. Посочува дека „Спутник В“ е прва регистрирана вакцина против Ковиид- 19.

Во моментов се имунизираат медицинските лица со вакцините од „Фајзер“што Србија ѝ ги достави на Македонија.

 

Дијана Ценевска