Ракомет

Рускиот тим прецизен

19.03.2014 11:16

Руската женска ракометна селекција планира конкретна цел, пласман на Евро шампионатот на крајов на годината во Унгарија и Хрватска.

За такво нешто како велат од рускиот табор потребни им се три бода во двомечот со македонската селекција. Од една страна годи податокот дека се внимателни во пресрет на пресметката со нас, ценејќи по тоа дека гледаат можно реми во Скопје.

Но, тоа е ако сакаме да ја гледаме нашата светла точка. Тие имаат искалкулирано за себе, нема да дозволи искусниот Трефилов да му се повтори паланетарната елиминациска епизода.

Во квалификациската група 7 покрај, Русија и Македонија е и Германија. Токму русинките и германките имаат одиграно досега меѓусебно со поделени по една домашна победа. Независно од резултатот од јунскит двомеч Македонија-Германија, рускиот есап вели дека со сегашната појдовна ситуација, потребни им се три бода од Ростов и Скопје за евро пласман.

Колку за споредба нашиот селектор на располагање има 18 ракометарки, рускиот 29, ние 5 дена ќе се подготвуваме, тие 12. Во нешто во што можеме да се споредуваме, е подмладеноста на селекциите и ракометарки во тимот од домашниот шампионат. Меѓу нив и супер ѕвездата Дарија Дмитиева која освои злато на последниот евро шампионат за ракометарки до 19 години. Единствените две итернационалки се Татјана Хмирова од ЖРК Вардар СЦБТ и Ирина Никитина од Будуќност и обете, со своите тимови пласирани во еропската клупска елитна фајнл-фор завршница. Сепак руските надежи има на кого да се потпрат, левиот бек Лудмила Постнова и голманката Мариа Сидорова дел од блескавите руски години (2001, 2005, 2007, 2009).

Среќен Трефилов дека во тимот по повредата се враќа левиот бек Викторија Зилинскаите.