Коронавирус

Во САД нов сој, во Европа рестрикции и истрага

07.03.2021 16:38

Се заоструваат рестриктивните мерки во Италија. Засилени се полициските контроли, особено во деловите од градовите каде што граѓаните најмногу се собираат. Во Сардинија е воведено задолжително тестирање за сите што доаѓаат на островот. Во повеќето области наставата се одвива онлајн , а рерстрикции повторно се воведени за продавниците за храна во кои е дозволено да влезе само по еден член од семејство. Ограничено е движењето низ општините и се забранува преминувањето на општинските граници.

„Купувам само основни работи. Според мене е потребна тн. црвена зона, бидејќи има многу луѓе наоколу.“

„Сите треба да се дома. Наставата треба да се одвива преку интернет.“

„Го очекувавме ова. Чекаме да видиме како ќе се развиваат нештата.“

„За жал, верувам дека црвената зона се воспоставува поради недоличното однесување на сите оние кои не ги сфативме нештата сериозно.“

Во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 300 смртни случаи, и над 23 илјади новозаразени. Во Ломбардија која од почетокот на пандемијата има најголем број на заразени и починати е воведена состојба пред карантин.

АвстријаДемонстрации против рестриктивните мерки

Засилување на рестриктивните мерки има и во други европски земји. Илјадници луѓе протестираа во центарот на Виена против мерките во борбата против епидемијата. Неколкумина биле уапсени, а имало и судири меѓу демонстрантите и левичарите кои организирале контра-митинг. Повеќето од демонстрантите не носеле маски и не се придржувале на пропишаната оддалеченост.

Австрија во февруари ги отвори училиштата, продавниците и музеите. Сепак, демонстрантите протестираат против мерките што сè уште се на сила, како што се затворање на ресторани и кафулиња и задолжително тестирање за коронавирус на учениците кои одат на училиште. Демонстрантите побараа и оставка од канцеларот Себастијан Курц.

Протести и во Шведска. Полицијата ги растеруваше противниците на мерките во главниот град Стокхолм. Протестот бил организиран и покрај забраната за големи собири.

САД:  Откриен нов високозаразен сој на коронавирусот

Во меѓувреме, научници во американската држава Орегон откриле нов високозаразен сој на коронавирусот, сличен на британскиот, но, бидејќи се измешал со локалните мутирани варијани поради што е можно да ги направи вакцините помалку ефикасни. Утврдено е дека новиот сој настанал локално.

Марина Ристова