Османи во работна посета на Италија и Ватикан
Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи Ди Мајо.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, од денеска ќе биде во работна посета на Италија и Ватикан. Во рамките на посетата на Италија, Османи ќе оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи Ди Мајо.
Во агендата е предвиден и состанок со членовите на комисијата за надворешни работи при Долниот дом на парламентот. На средбите, како што соопшти МНР, се очекува да бидат отворени прашањата поврзани со билатералните односи, иднината на процесот на проширување на Европската унија, и во тој контекст, поддршката од Италија за почеток на преговорите на Македонија. Во Ватикан, Османи ќе оствари средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.
