Марш за женски права – „Држава што не постапува е држава што силува“

08.03.2021 10:27

Под слоганот „Држава што не постапува, е држава што силува“, ќе биде упатена порака, дека не може жените да бидат слободни, кога сѐ уште се борат за своите работнички права, достоинство и почит, и живеат под закана од насилство и системска дискриминација.

Денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, пред Министерство за внатрешни работи ќе почне петтиот марш за женските права.

Под слоганот „Држава што не постапува, е држава што силува“, ќе биде упатена порака, дека не може жените да бидат слободни, кога сѐ уште се борат за своите работнички права, достоинство и почит, и живеат под закана од насилство и системска дискриминација. Организаторите велат, маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство.

„Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со Ковид-19“ е темата на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, поставена од Обединетите нации.

Темата ги слави огромните напори на жените и девојките низ светот во обликувањето на порамноправна иднина и закрепнување од пандемијата на Ковид-19.