САД: Поставен дневен рекорд во вакцинацијата
Прва доза од вакцината до сега примиле 23 проценти од возрасните, 59 проценти од лицата над 65 годишна возраст и 69 отсто од лицата со над 75 години.

Според последните податоци од центрите за контрола и превенција од болести, во саботата биле вакцинирани 2,9 милиони луѓе што е рекорд, а во неделата биле вакцинирани 2,4 милиони лица.
Прва доза од вакцината до сега примиле 23 проценти од возрасните, 59 проценти од лицата над 65 годишна возраст и 69 отсто од лицата со над 75 години.
Вакцините кои се користат во САД се на „Модерна“ и „Фајзер“, за кои е потребно да се примаат две дози, како и неодамна одобрената „Џонсон и Џонсон“ од која се прима по една доза.
Целта која ја постави новата администрација на претседателот Џо Бајден е во првите 100 дена од мандатот да се постигне цифра од 100 милиони вакцинирани.
