„Спутник В“ од јуни ќе се произведува во Италија
08.03.2021 11:00
Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.

Рускиот фонд за директни инвестиции ќе воспостави соработка со швајцарска компанија за производство на вакцината „Спутник В“ во Италија. Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.
Производството на „Спутник В“ најрано може да почне во јуни, а најавено е производство и во уште десет земји. Меѓу земјите со кои рускиот фонд најавува соработка се и Германија и Франција.
