„Хипноза“ со пијанистката Марија Ѓошевска овој четврток во Филхармонија
Диригент е Антони Вит, а на програмата се Серенада за дувачи оп. 7 од Штраус, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов и Серенада за гудачи од Карлович...

Овој четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Хипноза“ на кој како солистка ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска. Диригент е Антони Вит, а на програмата се Серенада за дувачи оп. 7 од Штраус, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов и Серенада за гудачи од Карлович.
Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека, во нејзината личност, македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност.
