Минеаполис

Почнува судењето за смртта на Џорџ Флојд

08.03.2021 11:48

Обвинетиот поранешен полицаец Дерек Шовин, се соочува со обвиненија, вклучувајќи и за убиство од втор степен, што според законите во сојзуната држава Минесота е казниво со затвор до 40 години.

Речиси една година по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, во неговиот роден град Минеаполис почнува судењето на еден од поранешните полицајци, вклучен во неговото брутално апсење.

Обвинетиот поранешен полицаец Дерек Шовин, се соочува со обвиненија, вклучувајќи и за убиство од втор степен, што според законите во сојзуната држава Минесота е казниво со затвор до 40 години.

Смртта на Флојд, невооружениот афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот во САД.