Сицилија
Десетта голема ерупција на Етна од февруари
08.03.2021 12:13
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, столб од чад и пепел бил исфрлен на висина од 10.000 метри, а околните села биле покриени со пепел и камења.

Спектакуларен портокалов облак од пепел и лава се крена над сицилијанските села за време на десеттата голема ерупција на Етна.
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, столб од чад и пепел бил исфрлен на висина од 10.000 метри, а околните села биле покриени со пепел и камења.
Жешка лава течела по падините на југоисточниот кратер кон ненаселена област.
