Алабаковски ја освои публиката
13.11.2013 00:20
Ламбе Алабаковски со „Ќе те чекам јас“ победи на Скопскиот фестивал

Наградата му донесе 20 илјади евра. Изведбата на Ламбе освои 124 гласа на гласањето преку мобилен телефон. Второпласираната Тамара Додевска доби 10 илјади евра со песната „Тешко без тебе“ Трета е песната „Ако ме боли“ на Димитар Андоновски , а наградата изнесува 5 илјади евра.
„Оваа песна и ја посветувам на мојата мајка“-изјави победникот Алабаковски кој на фестивалот, традиционално организиран од МРТ, го најави враќањето на патеките на естрадата. Спонзорите, МРТ и мобилните оператори одлучија собраните финансиски средства да ги донираат за хумани цели.
Наградата за животно дело МРТ му ја додели на Љубомир Бранѓолица.
