Да не се носи избрзано одлуката за недела - неработен ден
Да не се носи избрзано одлуката за недела - неработен ден, бараат стопанствениците. Апелираат дека со предложеното решение, компаниите ќе имаат зголемени трошоци и неискористени капацитети. Сметаат дека ова ќе се одрази на одлуките на странските инвеститори. Со новото решение, на удар се повеќе дејности меѓу кои трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, млекарската индустрија...

Откази, зголемени трошоци, намалена продажба, ќе бидат последица на предложеното законско решение неделата да стане неработен ден, велат од бизнис секторот. Оттаму апелираат одлуката да не се носи избрзано. Стопанствениците на дебатата организирана од Стопанската комора на Македонија велат дека со предложеното решение на удар ќе бидат повеќе дејности. Трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, млекарската индустрија се само дел.
Бизнисмените се децидни дека и досега плаќале за работа во недела, во смени или ноќе. Не се против засилени инспекции. Сметаат дека ограничувањато во работата ќе се одрази и на одлуките на странските инвеститори.
Синдикатите со години посочуваа на кршење на работничките права. Нивната иницијатива за неделата да биде прогласена за неработен ден ја прифати Владата. Министерството за труд и социјала работи веќе работи на измените на Законот за работни односи кој треба да биде донесен наскоро.
Дијана Ценевска
