Велика британија

Се развива уред за рано откривање на новите мутации на ковид

08.03.2021 15:15

Британска специјализирана лабораторија развива уред за рано детектирање на новите мутации на ковид. Експертите сметаат дека на тој начин ќе бидат чекор пред идните варијанти на вирусот. Посиромашните земји, каде што луѓето чекаат подолго за вакцините, се токму тие каде што може да се појават следните најголеми ризици на пандемијата...

Велика Британија предничеше во детектирањето на новиот вид на Ковид-19. Првиот што беше идентификуван, сега се шири низ целиот свет. Во оваа лабораторија, специјализирана за геномско секвенционирање, мапирање на ДНК се развива уред што ќе помогне полесно да се детектира мутацијата, а со тоа и да се спречи ширењето на заразата.

На самиот почеток, беше доста тешко да се предвиди кои мутации ќе се појават. Одлична вест е што сега, кога се проучени толку секвенци на вирусот, почнуваме да гледаме периодична шема. Гледаме многу мутации што се случуваат во генот, како тој ги напаѓа нашите клетки и можеме да кажеме- па добро, тоа е предвидливо. Со текот на времето гледате повеќе мутации во тој ген. Затоа, утврдениот метод за секвенционирање на целиот вирус сега, ќе биде навистина важен, бидејќи како што одиме напред, ќе можеме да користиме и вакцини против различни делови на вирусот“, вели д-р Леила Лухеши, директор на „Оксфорд нанопор технолоџис“.

Но, дали ова целосно знаење може да им помогне на експертите да бидат чекор пред идните варијанти на вирусот?

Данска, Холандија, Велика Британија - навистина беа пионери во секвенционирање на голем број позитивни резултати. Она што го видовме во последните неколку недели е појавата на нови соеви. Нивното проучување е од витална важност, зошто ако увидиме дека се работи за сој на вирус што може да и побегне на вакцината, ќе може да реагираме брзо и да го спречиме ширењето на штетната верзија на вирусот“, изјави д-р Гордон Сангераизвршен директор на „Оксфорд нанопор технолоџи“.

Овие уреди се покажуваат најкорисни во делови од светот на кои што им недостасува апаратура за секвенционирање на ДНК. Посиромашните земји, каде што луѓето за жал ќе чекаат подолго за вакцините, се токму тие каде што може да се појават следните најголеми ризици на пандемијата.

 

Бојана Крстевски