Прилеп

Осми март- обичен работен ден во итната помош

08.03.2021 15:52

Осми март не е поразличен од работната смена во итната медицинска помош во Прилеп. Од 15 лекари, 14 се жени. Ја имаат поддршката и на работа и дома. Единствено стравуваат од негрижа кај некои пациенти за здравјето. Доктор Гордана Николовска Димеска денеска ја предводи, вели, „женската смена“. Екипата на МТВ ги посети...

Д-р Гордана ја предводи „женската смена“.  Среде пандемија со посебна фокусираност, без користење одмор, но со професионалност. Нема врска со машко-женскиот свет. Само вчера биле преку 200 пациенти. За 50 насто е зголемена работата во овој, нов бран. Триесетина насто се со температури. И по една година, половина персонал прележал ковид, а се соочуваат и со пациенти кои и сега ги кријат симптомите. Моли за искреност и грижа.

Професијата не би ја менувала. Од 15 лекари, 14 се жени. Имало случаи тоа да им пречи на пациентите, ама се навикнале. И работно и семејно се чувствува исполнето, и во двата случаи ја има поддршката. Се согласува дека има женски работи, ама во ред е. Не се чувствува нерамноправно.

Во здравствените институции во Прилеп на чело, главно, се жени. Колку и да си современ, велат, измамува насмевка кога колегите им подаруваат внимание. Кога и да е.

 

Елизабета Митреска