Зошто треба да се јадат бадеми секојдневно?

08.03.2021 17:22

Тие се извор на „добри“ маснотии, како и на повеќе микронутриенти. На пример, најбогати се со калциум во однос на другите јатки. Освен ова, бадемите имаат и широко прифатлив вкус.

Бадемите се вбројуваат помеѓу нутритивно најбогатите јаткасти плодови. Тие се извор на „добри“ маснотии, како и на повеќе микронутриенти. На пример, најбогати се со калциум во однос на другите јатки. Освен ова, бадемите имаат и широко прифатлив вкус.

Витаминот Е е витамин растворлив во масти и има моќен антиоксидативен ефект. Се задржува на клеточната мембрана и ги штити клетките од оксидативно оштетување. Бадемите се еден од најдобрите извори на витамин Е. Една порција од бадеми ќе задоволи дури 37% од препорачаната дневна вредност на витамин Е.

Бадемите исто така се многу добар извор на магнезиум кој учествува во повеќе од 300 телесни процеси, вклучувајќи контрола на шеќерот во крвта. Препорачаната дневна доза на магнезиум е 310-420 милиграми, а 60 грама бадеми содржи околу 150 милиграми магнезиум. Ова значи дека бадемите во комбинација со други добри извори на магнезиум можат да помогнат да се задоволат дневните потреби на телото со магнезиум.

Се смета дека непечените, но и печените бадеми имаат пробиотичко дејство, односно служат како храна за природната цревна микрофлора. Сè повеќе испитувања доаѓаат до резултати кои го поврзуваат доброто здравје на цревната микрофлора со сè повеќе позитивни влијанија на организмот. Позитивни влијанија како: поддршка на имуниот систем, антивоспалително дејство, па дури и позитивно влијание на менталното здравје.

Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија

 

Кате Стојановска Десковска