Марш за женските права: Држава што не постапува е држава што силува

08.03.2021 18:37

„Држава што не постапува е држава што силува“, под овој слоган денеска се маршира за женските права во земјава. Организаторите велат, маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство...

Невладини и активистки денот на жената го одбележаа со протестен марш. Го изразија незадоволството од истрагите на институциите за случајот „Јавна соба“ кој трае неколку месеци. Пред МВР изрекоа пресуди.

Да не се премолчува насилството, хрбро жените да го пријавуваат. Правда мора да има- порача велешанка, една од жртвите во „Јавна соба“.

Државата да постапуваат за кривични дела каде жените се жртви. Нема да застанеме додека не се исполнат нашите барања – велат активистките.

И жените – ромки апелираа да престане дискриминацијата врз нив.

Протесниот марш  се одржа под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува“. Стартуваше од пред МВР до паркот „Жена борец“.

 

Наташа Гркова- Петрушевска