Владата денеска ќе одлучува за полицискиот час
Владата денеска на седница треба да одлучува по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 наутро...

Владата денеска на седница треба да одлучува по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 наутро на територија на цела држава.
Комисијата оценува дека ваквата мерка ќе има ефект, а засега предлогот е да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Анализите покажуваат дека расте бројот на заразени и ќе расте и бројот на хоспитализирани пациенти.
Собирите, групирањата и неносење заштитна маска, последните неколку недели доведоа до најмногу инфицирани поради трансмисија на вирусот- образложи министерот Филипче за предлогот да има полициски час.
