СЗО против „пасош за вакцина“

09.03.2021 10:35

Во САД помали рестрикции за вакцинираните лица...

СЗО е против издавање на „пасоши за вакцини“, пред сè поради тоа што тие не се подеднакво достапни за секоја земја на глобално ниво. Засега не е утврдено времетраењето на имунитетот по примената доза.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести најави  намалување на рестрикциите за оние кои завршиле со имунизацијата. Досега се вакцинирани над 30 милиони Американци.

Меѓу другото, ним им се дозволува собир во затворен простор без маска и физичко растојание. Тестирањето и карантинот се задолжителни само при појава на симптоми.