Продолженија на пет собраниски седници

09.03.2021 10:29

Се очекува на една од седниците да биде разгледан и предлог- законот за измени и дополнувања на законите за државјанство и за лична карта, по скратена постапка, од кои првиот е поднесен од група пратеници.

Амбициозна агенда на законодавниот дом. По проблемите за обезбедување кворум за работа, за денеска се најавени продолженија на дури пет собраниски седници. Се очекува на една од седниците да биде разгледан и предлог- законот за измени и дополнувања на законите за државјанство и за лична карта, по скратена постапка, од кои првиот е поднесен од група пратеници.

Меѓу другите точки, на една од денешните седници ќе се разгледуваат и предлог - законите за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите по скратена постапка, како и предлогот на законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање.

Најавена е и расправа за предлог-стратегијата за регионален развој во перидот од 2020-та до 2030-та година.

Покрај Собранието, ќе заседаваат и три парламентарни комисии, за политички систем и за надзор над спроведувањето на мерките за следење, како и законодавно- правната комисија.