ЕУ: Германија е главна цел на руските напори за дезинформирање
09.03.2021 11:12
САД ја обвинуваат Москва за ширење дезинформации за вакцините од западните земји...

Според новиот извештај на дипломатската служба на Европската Унија, Германија е главна цел на руските напори за дезинфомирање. Во документот се наведува дека Москва спроведувала „систематскки кампањи“ на политичко ниво и преку медиуми блиски до Кремљ.
Во исто време, САД ја обвинуваат Русија за ширење дезинформации поврзани со вакцините против ковид-19 произведени во западните земји.
Администрацијата на Вашингтон пронашла три онлајн публикации на разузнавачките служби од оваа држава кои биле насочени против „Фајзер“ и „Модерна“. Русија ги негира тврдењата.
