СЗО е против употребата на вакцинални пасоши

09.03.2021 13:41

Светската здравствена организација е против употребата на вакциналните пасоши, затоа што не се еднакво достапни во секоја земја. Во САД се вакцинирани 30 милиони лица, а во имунизацијата се вклучени и волонтери...

Една година по почетокот на пандемијата со Ковид-19, светот се соочува со слични предизвици. Италија која беше едно од првите и главни жаришта веќе го надмина прагот од 100.000 смртни случаи. Најкритично е во Ломбардија, а доминира британскиот сој на Ковид- 19.

Се менува брзината на инфицирање ,вирусот се пренесува полесно, па често гледаме како доаѓаат цели семејства за прием. Друг важен апсект е намалувањето на старосната граница меѓу заразените“, изјави доктор Габриел Цанолини, Италија.

Светската здравствена организација е против издавање на „пасоши за вакцини“, првенствено од етички причини.

Користењето на вакцинални потврди како предуслов за патување е несоодветно бидејќи вакцинацијата не е достапна за секого во светот, и не е достапна на рамноправна основа“, вели Мајкл РајанСЗО.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести најави намалување на рестрикциите за оние кои завршиле со имунизацијата. Меѓу другото, ним им се дозволува собир во затворен простор без маска и физичко растојание. Досега се вакцинирани над 30 милиони Американци. Клиниките добиваат помош и од волонтери.

 Волонтирам зашто ковид е сериозен проблем и сакам да помогнам, да сум дел од решението. Се чувствувам добро, сите се продукитвни и одлично организирани.“

Трката за вакцини продолжува. САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации поврзани со „Фајзер“ и „Модерна“, повикувајќи се на три онлајн публикации на разузнавачките служби од оваа држава. Русија ги негира тврдењата.

Ќе се бориме против дезинформациите со секое можно средство. За нас ова не е нешто ново, запознаени сме со пристапот и тактиката на руските обиди за дезинформирање. Овие вакцини се безбедни и се одобрени од Агенцијата за храна и лекови“, вели Џен Псаки, портпарол на Белата куќа.

Јапонската компанија „Терумо“ успеа да произведе нов шприц што вади дополнителна доза од секоја вијала на „Фајзер“. Производството почнува кон крајот на месецов.

 

Маја С. Филдишев