Во Гевгелија ќе бидат засадени 1000 рози за Денот на пролетта

19.03.2014 11:48

Општина Гевгелија ќе се вклучи во националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“ на 21 март - Денот на пролетта. Акцијата за поголема чиста и здрава животна средина ќе се спроведе на неколку локации во Гевгелија и во населените места, каде што ќе бидат засадени 1000 рози.

Од страна на ЈПКД„Комуналец“ ќе бидат подготвени локации за садење кај Автобуската станица, Народниот театар, долж улицата „Борис Кидрич“, крај булеварот „Гевгелија“ и на други локации во градот. Исто така, рози ќе бидат засадени во сите училишни дворови, како и во населените места.

Акцијата што ја реализира општина Гевгелија заедно со јавното комунално претпријатие ја помогнаа фирмите „Конти-хидропласт„, „Еуроинг“, „Џиви“, „Мансард“, „Боркомерц“, „Астра“. „Гоја“, мотел „Вардар“, Здружение на возачи, „Комуналец“.

Во акцијата ќе бидат вклучени и сите основни училишта, каде што на тема „Ден на розите“ се организираат креативни работилници, а изработени ликовни творби и други предмети ќе бидат изложени на Денот на пролетта.