Бизнис заедницата бара нови профили на кадри
Бизнис заедницата бара нови профили на кадри. Ресорот за образование најавува нови наставни програми. Тече рокот за пријавување експерти за нивна подготовка...

Објавен е повикот за пријавување стручни лица за подготовка на новите наставни програми согласно концепцијата за основно образование. Царовска повика на вклучување на што повеќе експерти во подготовката на програмите од национален интерес.
85 насто од компаниите се подготвени за пракса на ученици од средните стручни училишта за унпредување на знаењата, дополни Царовска. Најави дека во средните стручни училишта ќе се објавуваат конкурси за запишување согласно со потребите на компаните. Од Стопанската комора посочуваат на недостигот на стручниот кадар, став и на самите компании.
Но, неопходни се и поквалитетни услови како за учениците, така и за општините оценуваат локалните власти од Илинден.
Со последната средба од карванот „Учи Паметно, работи стручно“ се преминува кон подготовка на конкурс за запишување во средните стручни училишта, што ќе биде објавен на 31-ви март.
Ана Јосифовска- Тодоровска
