Што е холин и зошто е важен за нашиот организам?

09.03.2021 16:44

Холин или витамин Б4 е еден од најважните состојки за нашето здравје. Без него организмот уште по четириесетта година од животот почнува да таложи масти, а мозокот, црниот дроб и нервниот систем почнуваат да пропаѓаат. Зошто е холинот клучна супстанца и преку кои продукти за исхрана може да го надоместиме?

Задачата на холинот е да ги прерабори, разреди и да ги транспортира молекулите на мастите од црниот дроб и од другите органи. Без холин може да дојде до собирање на маснотии во црниот дроб и до прекумерна дебелина. Црниот дроб самостојно го произведува холинот, преработувајќи ги аминокиселините кои ги внесуваме во организмот преку месо, јајца и млечни производи. Дневната потреба за внес на холин е 3-4 грама дневно. На луѓето кои константно се под стрес им треба двојно поголема доза, за да го сочуваат мозокот и целокупниот нервен систем. Научните истражувања покажале дека луѓето со слабо памтење и со висок холестерол имаат недостаток на холин. Холинот е дел од мастите и липоптеините, а посебно на холестеролот. Липоптеините се молекули на мастите кои се наоѓаат во протеинската обвивка. Само во овој облик тие можат да се пренеуваат преку крвта, инаку мастите би се залепиле на ѕидовите на крвните садови. Еве кои се првите знаци на недостаток на холин; Заборавност и слаба концентрација, депресија, страв, раздразливост, несоница и срцева аритмија, пореметување на циркулацијата, главоболка, зуење во ушите и затвор. Научниците докажале дека токму недостатокот на холин, не дава можност за обновување на нервните мозочни клетки, па страдаат од алцхајмер, доѓа до целосно изумирање на мозочните клетки и смрти последици. Истражувањата даваат надеж дека со правилна исхрана и внесување на холин може да се забават ваквите процеси. и да се обноват нервните клетки. Истовремено се препорачуваат ментални вежби за подобрување на концентрацијата, како на пример шахот или учењето напамет. Поновите научни стражувања покажале дека со упорна и правилна секојдневна исхрана како стил на живот, може да се поправат и наизглед тешки здравствени проблеми.

Од недостаток на холин најмногу страдаат веганите кои не внесуваат холин, преку месо, јајца и млечни производи, а посебно оние што се изложени на стрес. Молекулите на холинот се супстанци задолжени и за смирување и опуштање, а така се забавува и работата на штитната жлезда( тироида), но го стимулираат варењето и работата на цревата. Холинот се смета за еден од најдобрите природни седативи. Холинот може да се создаде и во цревата, благодарение на протеините метионин и серин, на витаминот Б12 и на фолната киселина. Овие 2 клучни протеини се наоѓаат во месото на рибите, и на другите животни, во јајцата и во сирењето. Витаминот Б12 се наоѓа во џигерот, мрсните меса, во рибата и во млечните производи. Најамногу фолна киселина има во зелената салата и во пивскиот квасец. Најголем извор на комплетен холин има во џигерите, жолчката на јајцата, во пивскиот квасец и во никлуците од пченичните зрна,

Поради недостаток на холин уште вочетириесетата година може да се појават првите знаци на сенилност и почеток на пропаѓање на психата, која што се препознава преку отсутност на личноста.

Без холин не може да се остваруваат; апсорпцијата на мастите, нормалното функционирање на црниот дроб и на жолчката, природното снижување на холестеролот, фокусирање и стимулирање на срцевите активности, стабилност на нервниот систем и спречување на прерано стареење.

Соња Стојановска