Кинескиот претседател ја повика војската постојано да биде подготвена
Новиот петгодишен план од 2021 до 2025 е добра почетна основа на градењето на „стратешка одбрана од висок калибар“,рече кинескиот лидер.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја повика кинеската армија да биде постојано подготвена да одговори на сите видови сложени и тешки ситуации. На годишната сесија на кинескиот парламент Џинпинг рече дека развојот на војската треба да се фокусира на борбената подготвеност со цел да ги заштити националниот суверенитет, безбедноста и интересите на земјата.
Новиот петгодишен план од 2021 до 2025 е добра почетна основа на градењето на „стратешка одбрана од висок калибар“,рече кинескиот лидер.
Според медиумите, модернизацијата на кинеската војска се должи на растечките тензии со САД и Тајван, како и споровите околу островите во јужното и источното Кинеско Море.
